По реализацијата на проектот, Пелагонискиот регион ќе добие современ и функционален простор за промоција и заштита на светското културно наследство. Ќе бидат создадени соодветни услови за одржување на меѓународниот фестивал “Пеце Атанасовски” . Ќе се создадат и услови за подобро квалитативно и квантитативно исполнување на целите и функцијата на фестивалот: промоција, заштита и унапредување на светското културно-историското наследство.
Туристичката понуда на регинот ќе биде значително подобрена а туристичката сезона проширена и во пролетниот дел на годината за најмалку еден месец.
Крајните ефекти ќе ги почуствуваат чинителите на туристичкиот сектор од регионот во форма на зголемен обем на работа и остварени приходи.
Поконкретно, следните активности ќе бидат реализирани:
Изградба на централна бина за презентација на сценски настапи,
Изградба на пристапни патеки до, во и околу централниот дел на комплексот наменет за мултинаменски простор со пратечки содржини;
Изградба на партерни содржини на бината и околу неа.
Изградба на дел од амфитеатар наменет за учесници со околу 50 места за седење;
Изградба на дел од амфитеатар наменет за редовна публика со околу 250 места за
седење;
Изградба на дел од амфитеатар наменет за судии, ВИП гости и новинари со околу
50 места за седење;
Холтикултурно уредување на слободните површини околу градбите од првата фаза со затревнување и засадување на украсни дрва;
Обезбедување на градбите со потребните елктрични инсталации и опрема заедно со осветлување на целокупниот простор со
рефлектори и канделабри;
No comment yet, add your voice below!