Денес во просториите на општина Битола во присуство на градоначалниците на 9-те Општини на Пелагонискиот регион односно новите членови на Советот се одржа Првата Конститутивна седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион. На седницата на која претседаваше Тони Коњановски Градоначалник на Општина Битола, градоначалниците едногласно го избраа новиот Претседател на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион, Градоначалникот на Општина Новаци, г-динот Стевче Стевановски. Се очекува и под водство на Претседателот Стевановски Советот посветено и континуирано да работи на одржлив и балансиран регионален развој и поддршка на економско социјалниот сегмент на сите Пелагониски општини. Стевановски го презема мандатот од досегашниот Претседател на СРППР, Градоначалникот на Општина Демир Хисар г-дин Никола Најдовски, кој зад себе остава успешен мандат со плодна меѓуопштинска соработка.
Покрај изборот на претседател Седницата се одвиваше по претходно одобрен дневен ред според кој се усвои годишен финансиски и Акциски план за 2026 година како и усвојување на одлуки за започнување на постапка за избор на претставници на невладиниот и бизнис секторот во рамки на СРППР.

No comment yet, add your voice below!