Реконструкцијата опфати улица со должина од 329 метри како и реконструкција на одводен канал покрај улицата и изработка на уличен сливник. Овој пат сега е побезбеден за возачите и пешаците и подобрен е пристапот до околните објекти кои нудат услуги од економски и социјален карактер во овој дел од регионот.
Активностите се реализираа во рамките на проектот “Инвестиции во унапредување на комуналната и патната инфраструктура во Пелагонискиот регион”. Проектот се имплементираше во соработка со општина Новаци а е финансиран во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа реализирана преку Бирото за регионален развој.

No comment yet, add your voice below!