Со проектот Надградба на техничките капацитети на јавните комунални претпријатија во Општина Демир Хисар се врши опремување на ЈКП Демир Хисар со нова механизација и опрема за обезбедување на навремени комунални услуги. Поконкретно набавена е машина со приклучна механизација (современ трактор со предна даска за чистење на снег, мултифункционална хидраулична рака и ножица за кастрење на гранки) за одржување на комунална инфраструктура со што значително ќе се зајакне техничкиот капацитет и ќе се унапреди квалитетот на услугите кои ги нуди ЈКП. Исто така, ќе се зголеми и соработката со ЈКП од соседните општини, преку овозможување на заедничко користење на новата механизација со што ќе се унапреди и подобри делот на меѓуопштинската соработка во регионот. Набавената механизација најмногу ќе се користи за одржување на системите за вода и на канализационата мрежа, како и останатите обврски на ЈКП.
Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го имплементира проектот во соработка со општина Демир Хисар а истиот е финансиски поддржан од страна на Министерството за локална самоуправа во рамките на Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година.

No comment yet, add your voice below!