Skip to content

Зајакнување на капацитетите за обезбедување на подобри комунални услуги во општина Ресен

ДАТУМ

октомври 6, 2025

Категории

,

Со овој проект се работи на надградување на капацитетите на Јавното комунално претпријатие на општина Ресен. Поконкретно со реализацијата на овој проект е набавена механизација (багер со опрема) за тековно одржување на комуналната инфраструктура во Општина Ресен, а по потреба и во останатите населени места од соседните општини.
Набавената механизација ќе се користи најмногу за одржување на водоснабдителните системи и канализационата мрежа во општина Ресен а по потреба и во регионот како и за сите останати задачи и активности на јавните комунални претпријатија.
Проектот се реализира во соработка со општина Ресен а е поддржан од страна на Министерството за локална самоуправа во рамките на Програмата за за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година.
 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy