Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион со поддршка од Министерството за локална самоуправа започнува со имплементација на проектот ” Инвестиции во унапредување на комуналната и патната инфраструктура во Пелагонискиот регион”.
Со овој проект во општина Могила, населено место Добрушево се започнува со изградба на канализациона мрежа во должина од 1.132 метри. Проектот опфаќа изградба на дел од главниот крак К со должина од 148,35м, а целосно е предвидена изградба на краци К4 , К4-1, К7, К7-1, К7-2 и К6. Ова е 3-та фаза од изградбата на канализацијата а претходно изградена е Пречистителна станица и дел од мрежата во должина од 1826метри. Со изградбата на делницата од овој проект се комплетира целосниот проект.
Проектот се реализира во соработка со општина Могила а е финансиски поддржан во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа реализирана преку Бирото за регионален развој.

No comment yet, add your voice below!