Во рамките на меѓународната конференција за регионален развој, организирана од Министерството за локална самоуправа на тема „Регионалниот развој во динамично променлив свет – Иднината започнува локално: Новата визија за одржлив и рамномерен развој“ Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион доби Признание за успешно водење на регионални проекти финансирани од меѓународни и домашни фондови.
Признанието е доделено од страна на Министерството за локална самоуправа како резултат на долгогодишната посветеност и континуирана работа на Центарот на унапредување на состојбите во регионот преку имплементација на проекти финансирани од различни донатори.
Исто така во рамките на оваа меѓународна конференција се одржа и панел дискусија на тема: ”Интегрирани структури и финансиски алатки за полицентричен и одржлив регионален развој” во која како панелист учествуваше и директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Г-дин Јосиф Балтов. Тој во своето излагање ја истакна важноста на интегрираниот пристап, стабилното и диверзифицирано финансирање на регионалниот развој, институционалната соработка како и следење на новите иновативни решенија и дигитални алатки за постигнување на одржливиот регионален развој.

No comment yet, add your voice below!