Во рамките на проектот ”Подобра социјална инклузија преку изградба на инфраструктура за млади, спорт и рекреација во руралните и урбаните средини во Пелагонискиот регион” во Општина Могила е изградено ново повеќенаменско игралиште (за ракомет, кошарка, мал фудбал и одбојка).
Игралиштето е изградено во населеното место Трап во рамки на училишниот двор како одговор на долгогодишната потреба за ваков вид на инфраструктура.
Со изградбата на игралиштето се создаваат услови за физичко воспитание, одржување на разни приредби и училишни настани како и одржување на регионални и локални спортски турнири и натпревари односно се овозможуваат услови за спорт, рекреација и социјализација на дечињата и граѓаните од овој дел од регионот.
Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го имплементира овој проект во рамките на Програмата за регионален развој на Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој и во соработка со Општина Могила.

No comment yet, add your voice below!