Уште еден проект за подобрување на условите за социјализација и рекреација на граѓаните на Општина Демир Хисар. Во завршна фаза е уредувањето на градскиот парк во Демир Хисар, со проектот се урбанизира и модернизира просторот со современа опрема и реквизити со цел да се добие урбано катче за граѓаните на оваа општина.
Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го имплементира проектот во соработка со Општина Демир Хисар а финансиски е поддржан во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој.

No comment yet, add your voice below!