Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој започнува со реализација на циклус на регионални консултативни форуми. Преку овие форуми ќе се изврши идентификација и приоретизација на клучни теми и проблеми кои го засегаат регионот. Во рамките на 2-те предвидени форумски сесии ќе се дискутира за проблеми, теми и предлози од кои ќе произлезат нови регионални предлог проекти. Од изработените предлог проекти форумот ќе приоретизира најрелевантни кои понатаму ќе влезат во конкуренција за реализација од проектниот фонд. Првата форумската сесија ќе се одржи на 09.11.2023 (четврток) со почеток од 11:00 часот во хотел Милениум Битола. Процесот е поддржан од Министерство за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.
No comment yet, add your voice below!