Skip to content

Зголемување на можностите за развој на туризмот преку искористување на постоечките ресурси – I-TOUR

ДАТУМ

април 8, 2019

Категории

На 29 март 2019 год. Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион организираше промотивна конференција за проектот: Зголемување на можностите за развој на туризмот преку искористување на постоечките ресурси I-TOUR, кој е финансиран во рамките на Програмата за прекугранична соработка со Р. Грција 2014-2020.
Носител на проектот е Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, додека партнери во имплементацијата се: Национален Парк Пелистер, Факултет за туризам и угостителство – Охрид, Национален Парк Преспа (ГР) и Факултет за бизнис администрација – Солун (ГР).
Главната цел на проектот е подобрување на атрактивноста и промоција на прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин/Солун и зголемување на вработеноста во туризмот.
Овој проект ги адресира заедничките предизвици од областа на туризмот во прекуграничниот регион, како што се; непостоењето на заеднички прекуграничен туристички производ, ниското ниво на одржливото искористување на природните ресурси-како и нискиот процент на луѓе во руралните средини од прекуграничниот регион кои што работат и заработуваат од туризмот.
За прв пат со овој проект ќе се работи преку мултифункционален пристап кон подобрување на туристичкиот сектор во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин/Солун вклучувајќи: градење на капацитети, вмрежување, развој на заеднички одржлив туристички прекуграничен производ, одржлив менаџмент на културното и природното богатство како и маркетинг и промоција на туристичките потенцијали на прекуграничниот регион.
На конференцијата присутни беа, релевантни чинители од областа на туризмот од јавниот, приватниот, невладиниот и академскиот сектор. Конференцијата беше свечено отворена од страна на Заменик министерот за локална самоуправа – Дејан Павлески а обраќања до присутните имаа и Градоначалничката на општина Битола а воедно и Претседателка на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион – Наташа Петровска како и Раководителот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион -Гого Видимче.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy