На 23.02.2016 година, во просториите на општина Битола се одржа 14-тата седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион. На истата усвоени беа годишните финансиски извештаи, извештаите за работењето на ЦРППР, извештајот за реализацијата на Програмата за развој на Пелагонискиот регион во 2015 година како и одобрените проекти за регионален развој кои Центарот за развој на Пелагониски плански регион ќе ги реализира во 2016 година.
Според дневниот ред на 14тата Седница на Советот за развој на Пелагониски плански регион, разгледани беа информациите за текот на реализацијата на проектите одобрени во рамките на Програмата за поддршка на руралниот развој во 2015 година како и учеството на Центарот за развој на Пелагониски плански регион во проекти во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Грција 2014-2020.
No comment yet, add your voice below!