Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион од 02.10.2014 до 04.10.2014 година во хотел Молика во Битола организираше обука за Управување со проектен циклус во рамките на ПеЛАГонија ЛЕАДЕР проектот, финансиски подржан од УСАИД Македонија, на која учество зедоа 24 членови од Локалните Акциони Групи Пелагонија, Преспа и Агро Лидер.
На обуката им беа презентирани сите фази во делот на анализа, подготовка, имплементација, мониторинг и евалуација на проекти. Членовите на ЛАГ-овите на обуката континуирано го работеа целиот процес на изработка на проектна апликација со што се добија три готови предлог проекти. На крајот од обуката учесниците на ЛАГ-овите ги презентираа своите предлог проекти и ја искажаа својата благодарност за целокупната организација на обуката за Управување со проектен циклус.
No comment yet, add your voice below!