На 04 септември 2014 година се одржа прес конференција на која се презентираа резултатите од реализацијата на проектот “Изведба на електрична инсталација за осветлување на сообраќајната клучка Макази на регионалниот пат А3 Битола- Ресен”.На прес конференцијата се обратија директорката на Центарот за развој на Пелагонискиот регион г-а Емилиа Ѓероска и градоначалникот на општина Ресен
м-р Ѓоко Стрезовски.
Основна цел на проектот беше изведба на електрична инсталација за осветлување на Клучката кај местото викано „Макази“ на влезот во Ресен од страната на Битола.Во рамките на овој проектот поставени 30 канделабри. Осветлувањето на посочената сообраќајна клучка ќе го зголеми квалитетот и безбедноста на сообраќајот на патниот правец А-3 од Битола кон Ресен и Охрид како и квалитетот на животот значително ќе се подобри од безбедносен, сообраќаен и естетски аспект. Реализацијата на проектот беше финансиски поддржана од Бирото за регионален развој преку Министерството за локална самоуправа во Р. Македонија.
No comment yet, add your voice below!