Skip to content

ДЕН НА РЕГИОНАЛНИОТ РАЗВОЈ

Состојба на проект

Билатерални донатори, Економија, Енергетска ефикасност, МЛС - БРР, Образование, Социјала

Датум на отпочнување

декември 17, 2024

Датум на реализација

ТИП НА ФИНАНСИРАЊЕ

Национални фондови, Меѓународни фондови

БУЏЕТ (ДЕНАРИ)

0

 

На 17.12.2024 во Битола за прв пат се одржа Ден на регионалниот развој во Пелагонискиот регион – промотивен настан во рамките на кој се одржа и плодна панел диксусија со заклучоци и препораки. Настанот се одржа под мотото за “За паметен, зелен и инклузивен Пелагониски регион”и е дел од серијата на вакви настани кои се реализраат ширум нашата држава односно во секој плански регион по еден. Денот на региналниот развој се реализира во рамките на проектот: Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој кој е финансиски поддржан од страна на Министерството за локална самоупрва и Владата на Швајцарија.
Целта на одржувањето на Денот на регионалниот развој е афирмација и промоција на одржливиот регионален развој, презентација на сработените регионални проекти од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион како и согледување на предизвиците и можностите за развој на Пелагонискиот регион како и споделување на визијата за тоа каков регион и какви можности согледуваат сите наши регионални чинители. Како и да придонесе во подобро разбирање на начинот на којшто се остварува одржливиот развој, кои ни се предносите и потенцијалите кои можеме да ги искористиме, предизвиците кои мораме да ги адресираме и како заеднички до поразвиен и посилен Пелагониски регион.
Присутните беа поздравени од страна на Директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион г-дин Јосиф Балтов и Претседателот на Советот за развој на регионот – Градоначалникот на Општина Демир Хисар г-дин Никола Најдовски.
На панел дискусијата на тема “За паметен, зелен и инклузивен Пелагониски регион” панелисти беа:
Проф д-р Игор Неделковски – Ректор на Универзитетот Св.Климент Охридски Битола и редовен професор на ФИКТ
• Проф д-р Рената Петревска Нечкоска – Професор на Економски Факултет Прилеп и Академски раководител на Европската Универзитетска Алијанса КОЛОРС при УКЛО
• Проф д-р Даме Димитровски – Редовен професор на Машински Факултет при УКИМ
Се дискутираше за предизвиците, приоритетите можностите за развој на Пелагонискиот плански регион и за тоа каде различните чинители ја гледаат иднината на регионот во однос на следење на трендовите на одржливиот развој како и на кој начин би можеле да се справиме со глобалните предизивици кои го таргетираат и Пелагонискиот регион.
На настанот беше истакнато дека активностите и проектите кои во Пелагонискиот регион се реализираат со цел постигнување на регионален развој се пример за тоа како соработка на регионално па и прекугранично ниво може да донесе конкретни резултати за доброто на нашите граѓани на локално ниво.

Галерија

Парнерски општини: Пелагониски регион
Документација 

Споделeте го овој проект

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram