Главната цел на проектот FireFly е превенција и ефикасно управување со шумски пожари во прекуграничните региони преку протокол за соработка за брз одговор, ефективен надзор и стратегии за интервенција со цел да се минимизира влијанието на пожарите врз екосистемите, дивиот свет, имотот и човечките животи. Специфичните цели ги вклучуваат: Превенција и заштита, подобрување на капацитетите, иновации и подигање на јавната свест. Шумските пожари не познаваат национални граници, брзо го уништуваат природниот и урбаниот амбиент и бараат координиран одговор. Локалните напори немаат доволно обем и податоци, додека прекуграничната соработка овозможува заедничко користење на ресурси за стратешко влијание.

Овој проект е значаен бидејќи прекуграничните области содржат витални шуми, подрачја од NATURA мрежата, мочуришта и национални паркови кои се клучни за одржливоста на животната средина и туризмот. Раното откривање на пожари е суштинско за ублажување на климатските промени, бидејќи шумите се јаглеродни резервоари (carbon sinks), а кога изгорат, ослободуваат CO₂ и го зголемуваат ризикот од пустинизација и поплави во погодените подрачја.

Типовите на партнери, нивното искуство во спроведување на ЕУ проекти и нивната географска покриеност (национално, регионално) обезбедуваат прецизни и квалитетни резултати, како и широка дистрибуција на резултатите. Партнерството го сочинуваат:

  • Две јавни институции: Министерство – Дирекција за заштита и спасување со клучна улога во управување со природни катастрофи, канцеларии и тимови за итна интервенција во погоденото подрачје, и Регионот на Централна Македонија, чија Независна дирекција за цивилна заштита ги спроведува националните стратегии.
  • Две правни лица основани од држава: Центар за доживотно учење на регионот Централна Македонија, специјализиран за управување со човечки ресурси и имплементација на ЕУ програми, акредитиран од Министерството за образование за организирање обуки и работилници, и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, основан од 9 општини од регионот, работи на поднесување и спроведување на ЕУ проекти.
  • Невладина организација: Летечки клуб СЕРЕС (Serres Airclub), член на Генералниот секретаријат за спорт, со волонтерски тим за цивилна заштита и 20 обучени пилоти со ултралесни летала.

Иновациите во проектот вклучуваат напредна опрема и заеднички пилот-активности:

  • Гироплан: Напреден авион што работи во екстремни услови, може да се користи како воздушна амбуланта.
  • Систем за детекција и предупредување од пожари со вештачка интелигенција: Паметни камери со алгоритми на вештачка интелигенција и машинско учење за рано откривање пожари со минимална човечка интервенција.
  • Специјализирано теренско возило за гаснење пожари : Возило за тешко достапни терени, опремено со разновидна опрема за гаснење.
  • Заеднички пилот-акции: Авио-надзор и координација, симулации на шумски пожари, вежби за соработка воздух-земја и меѓународно авио натпреварување.
  • Симпозиум: со учество на претставници од ЕУ, администрација и цивилна заштита.

Дополнителни активности вклучуваат обуки и работилници (GIS, управување со катастрофи, прва помош), студии, медиумски кампањи, студиски посети и јавни настани за подигање на свеста. Проектот ги зајакнува капацитетите преку унапредување на вештини за напредни технологии, споделување експертиза и анализа на истражувања и добри практики за подобро управување со пожари. Партнерите придонесуваат со целокупната расположлива инфраструктура, опрема и човечки ресурси за поддршка на целите на проектот.