Формирањето на Регионалните бизнис центри во осумте плански региони е засновано на одлука на Владата на Република Македонија на осмата (тематска) седница, одржана на 29 август 2011 година. При донесување на одлуката користени се споредбени анализи од ГИЗ-РЕД за постојната состојба со услугите за поддршка на приватниот сектор во планските региони во Македонија. Од страна на засегнатите страни, а особено од приватниот сектор, Регионалните бизнис центри во рамки на Центрите за развој на планските региони се согледани како обид за проширување на јавните институции на локално ниво. Исто така, засегнатите страни се јасни и прецизни дека е потребно новите функции и услуги да се фокусираат на создавање на ефикасен и ефективен институционален амбиент на ниво на плански регион за поддршка на приватниот сектор.
Продлабочениот увид во постојната состојба докажува дека потребите на приватниот сектор на локално и регионално ниво не се потполно задоволени и приотоа како приоритетни нови услуги се наметнуваат оние услуги со кои ќе се адресираат воочените тесни грла како што е недостатокот на соодветна координација на активностите подржани со јавни средства, ефективноста на пристапот до информации и зголемување на степенот на учество на приватниот сектор во носењето на соодветни одлуки на локално и регионално ниво. Поради нивните силни страни и можностите кои им се на располагање регионалните бизнис центри во предвидената институционална форма (во рамки на ЦРПР) логично се наметнуваат за улогата на координатор на активностите на регионално ниво кои се спроведуваат од страна на националните институции и организации и нивните мрежи на локално и регионално ниво, но и да ја забрзаат/олеснат комуникацијата на националните со локалните институции и организации како и со приватниот сектор.
Регионалните бизнис центри во рамки на Центрите за развој на планските региони се природно најсоодветни за вклучување во планирањето и следењето на степенот на рамномерниот економски развој, особено во комуникацијата со бизнис секторот, но и во планирањето и мониторингот на регионалните индикатори за економски развој и развој на претприемништвото и економските сектори.
За спроведувањето на функциите и услугите на Бизнис центрите неопходен е стратешки и сеопфатен пристап и првенствено стратешко дефинирање на мандатот, обемот, улогата и надлежноста на Бизнис центрите. При дефинирањето на нивната улога како главни тела на регионално ниво за планирање, координирање, мониторирање, синхронизирање на активности и информирање – едуцирање за поддршка и развој на приватен сектор на регионално ниво, треба да се земат во предвид многу стратешки прашања, фактори и политики, чие дефинирање ќе овозможи основа за систематизиран одржлив регионален развој.
Позицијата на Центрите за развој на планските региони во аспект на предложените услуги за бизнис секторот е прикажана во следниот приказ.
ПОРТФОЛИО НА УСЛУГИ НА ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН
Бизнис Центарот во рамките на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион има за цел да помогне и даде поддршка на приватниот сектор во регионот за нивниот побрз и динамичен развој преку идентификување на нивните реални потреби, нудење мерки за поддршка, правилно и навремено информирање и зајакнување на капацитетите на приватниот сектор, со што ќе се овозможи развој на компаниите во успешни, одржливи и профитабилни бизниси.
Преку креираното профолио на услуги, Ви нудиме услуги за олеснување на пристапот до финансиски средства преку директна поддршка во подготвување на проектни апликации до национални и меѓународни фондови.
Ве покануваме да не посетите во просториите на Бизнис Центарот и со наша поддршка да ги реализирате Вашите бизнис идеи !
УСЛУГИ ЗА ОПШТО ИНФОРМИРАЊЕ
Информирање преку Интернет страни
ЈАВЕН, ПРИВАТЕН, ГРАЃАНСКИ СЕКТОР, ПОШИРОКА ЈАВНОСТ
Информирање за активности на ЦРППР, тековни и реализирани проекти во регионот, за можности за инвестирање и останати релевантни документи преку веб страните: www.pelagoniaregion.mk | www.investinpelagoniaregion.mk.
Информирање преку директен контакт
ЈАВЕН, ПРИВАТЕН, ГРАЃАНСКИ СЕКТОР, ПОШИРОКА ЈАВНОСТ
Информирање на директни средби со заинтересираните страни / корисници преку "info desk" во ЦРППР, за сите достапни информации од регионот релевантни за заинтересираните страни, како и останати подетални информации преку дополнително пребарување и употреба на додатни ресурси.
Информирање за достапни фондови и отворени повици
ЈАВЕН, ПРИВАТЕН, ГРАЃАНСКИ СЕКТОР, ПОШИРОКА ЈАВНОСТ
Информирање преку "mass mailing" и организирање на информативни средби за отворени повици и достапни фондови, по потреба идентификација на можни проекти за одреден повик и директно известување на отворени повици од одреден фонд.
ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ
Подготовка на предлог проекти за аплицирање во Фонд за иновации и технолошки развој
ПРИВАТЕН СЕКТОР
Поддршка за аплицирање на повици од Фондот за иновации и технолошки развој за поттикнување и поддршка на иновативноста кај МСП. Поддршката се состои од доставување на информации за повикот и потребна документација, дефинирање и идентификација на проектни активности, изнаоѓање на партнери за реализација на проектот, пополнување на проектна апликација или формулар и др.
Подготовка на предлог проекти за аплицирање во Министерство за економија на РМ
ПРИВАТЕН СЕКТОР
Поддршка за аплицирање на повици од Министерство за економија за: изработка на бизнис план, поттикнување на женско претприемништво, занаетчиство, туризам, подигнување на стандарди во работењето и др. Поддршката се состои од доставување на информации за повикот и потребна документација, дефинирање и идентификација на проектни активности, изнаоѓање на партнери за реализација на проектот, пополнување на проектна апликација или формулар и др.
Подготовка на предлог проекти за аплицирање во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ
ИНДИВИДУАЛНИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ, ПРАВНИ ЛИЦА, РЕГИСТРИРАНИ ВО ЕДИНСТВЕНИОТ РЕГИСТАР НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА
Поддршка за аплицирање на повици од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој и за аплицирање за државно земјиште под закуп. Поддршката се состои од доставување на информации за повикот и потребна документација, дефинирање и идентификација на проектни активности, пополнување на проектна апликација или формулар др.
Подготовка на предлог проекти за аплицирање во Министерство за култура на РМ
ЈАВЕН, ГРАЃАНСКИ СЕКТОР
Поддршка за аплицирање на повици од Министерството за култура на РМ од Програмата за финансирање на проекти од национален интерес за културата и за поддршка на креативни индустрии. Поддршката се состои од доставување на информации за повикот и потребна документација, дефинирање и идентификација на проектни активности, изнаоѓање на партнери за реализација на проектот, пополнување на проектна апликација или формулар и др.
Подготовка на предлог проекти за аплицирање во Министерство за животна средина и просторно планирање на РМ
ЈАВЕН, ГРАЃАНСКИ СЕКТОР
Поддршка за аплицирање на повици од Програмата за заштита на животната средина преку МЖСПП. Поддршката се состои од доставување на информации за повикот и потребна документација, дефинирање и идентификација на проектни активности, изнаоѓање на партнери за реализација на проектот, пополнување на проектна апликација или формулар и др.
Подготовка на предлог проекти до Влада на Р. Македонија
ГРАЃАНСКИ СЕКТОР
Поддршка за аплицирање за предлог проекти до Влада на Република Македонија во Одделението за соработка со невладини организации. Поддршката се состои од доставување на информации за повикот и потребна документација, дефинирање и идентификација на проектни активности, изнаоѓање на партнери за реализација на проектот, пополнување на проектна апликација или формулар и др.
Подготовка на предлог проекти за аплицирање во други национални фондови, програми и повици
ЈАВЕН, ГРАЃАНСКИ СЕКТОР
Поддршка за аплицирање на други достапни национални фондови, програми и отворени повици. Поддршката се состои од доставување на информации за повикот и потребна документација, дефинирање и идентификација на проектни активности, изнаоѓање на партнери за реализација на проектот, пополнување на проектна апликација или формулар и др.
ПОДГОТОВКА НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ДО МЕЃУНАРОДНИ ФОНДОВИ
Подготовка на предлог проекти за аплицирање во ИПА програма за прекугранична соработка
ЈАВЕН, ПРИВАТЕН, ГРАЃАНСКИ СЕКТОР
Поддршка за аплицирање на повици од ИПА програмата за прекугранична соработка. Поддршката се состои од доставување на информации за повикот и потребна документација, дефинирање и идентификација на проектни активности, изнаоѓање на партнери за реализација на проектот, пополнување на проектна апликација и др.
Подготовка на предлог проекти за аплицирање во ИПАРД програмата
ИНДИВИДУАЛНИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ, ПРАВНИ ЛИЦА, РЕГИСТРИРАНИ ВО ЕДИНСТВЕНИОТ РЕГИСТАР НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ СТОПАНСТВА И ДР.ПРИВАТЕН СЕКТОР.
Поддршка за аплицирање на повици од ИПАРД програмата преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Поддршката се состои од доставување на информации за повикот и потребна документација, дефинирање и идентификација на проектни активности, пополнување на проектна апликација или формулар др.
Подготовка на предлог проекти за аплицирање во програмите Хоризонт 2020 и КОСМЕ
ЈАВЕН, ПРИВАТЕН, ГРАЃАНСКИ СЕКТОР
Поддршка за аплицирање на повици од програмите на Европска комисија Хоризонт 2020 (за истражување и иновации) и КОСМЕ (за конкурентност на МСП). Поддршката се состои од доставување на информации за повикот и потребна документација, дефинирање и идентификација на проектни активности, изнаоѓање на партнери за реализација на проектот, пополнување на проектна апликација или формулар и др.
Подготовка на предлог проекти за аплицирање во ЦФЦД - Централно финансирање и склучување договори
ЈАВЕН, ГРАЃАНСКИ СЕКТОР
Поддршка за аплицирање на повици од Програмата ЦФЦД - Централно финансирање и склучување договори, со средства од ИПА програмата. Поддршката се состои од доставување на информации за повикот и потребна документација, дефинирање и идентификација на проектни активности, изнаоѓање на партнери за реализација на проектот, пополнување на проектна апликација или формулар и др.
Подготовка на предлог проекти за аплицирање кај билатерални донатори во РМ
ЈАВЕН, ПРИВАТЕН, ГРАЃАНСКИ СЕКТОР
Поддршка за аплицирање кај билатералните донатори во РМ (Амбасади во РМ, УНДП и други организации). Поддршката се состои од доставување на информации за повикот и потребна документација, дефинирање и идентификација на проектни активности, изнаоѓање на партнери за реализација на проектот, пополнување на проектна апликација и др.
Подготовка на предлог проекти за аплицирање во Делегација на Европска Унија
ГРАЃАНСКИ СЕКТОР
Поддршка за аплицирање на повици од Делегација на Европска Унија за инструментот за човекови права и демократија. Поддршката се состои од доставување на информации за повикот и потребна документација, дефинирање и идентификација на проектни активности, изнаоѓање на партнери за реализација на проектот, пополнување на проектна апликација или формулар и др.
Подготовка на предлог проекти за аплицирање кај други меѓународни фондови, програми и повици
ЈАВЕН, ПРИВАТЕН, ГРАЃАНСКИ СЕКТОР
Поддршка за аплицирање на други достапни меѓународни фондови, програми и отворени повици. Поддршката се состои од доставување на информации за повикот и потребна документација, дефинирање и идентификација на проектни активности, изнаоѓање на партнери за реализација на проектот, пополнување на проектна апликација или формулар и др.
ДРУГИ УСЛУГИ ЗА ПРОЕКТИ
Посредување при имплементација на проект
ЈАВЕН, ПРИВАТЕН, ГРАЃАНСКИ СЕКТОР
Директна поддршка при имплементација на проектните активности (организација и менаџирање на проектот, подготвување на јавни огласи, подготовка на тековни и финансиски извештаи и др). Опсегот на поддршката зависи од комплексноста на проектот.
УСЛУГИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКИ
Посредување при имплементација на проект
ЈАВЕН, ПРИВАТЕН, ГРАЃАНСКИ СЕКТОР
Организација и одржување на обука за стратешко планирање за заинтересираните страни / корисници, експертиза за целта и потребата од стратешко планирање, начините на одредување на приоритети, индикатори и буџетирање.
Спроведување на обука за управување со проектен циклус
ЈАВЕН, ПРИВАТЕН, ГРАЃАНСКИ СЕКТОР
Организација и одржување на обука за проектен менаџмент - управување со проектен циклус, експертиза за следење на повици, процес на аплицирање, имплементирање, мониторинг и евалуација на проект, и претставување на донаторските процедури.
Спроведување на обука за јавни набавки
ЈАВЕН, ПРИВАТЕН, ГРАЃАНСКИ СЕКТОР
Одржување на обука (без сертификат) за спроведување на јавни набавки согласно Законот за јавни набавки на РМ.
ДРУГИ УСЛУГИ
Изработка на извештаи и анализи
ЈАВЕН, ПРИВАТЕН, ГРАЃАНСКИ СЕКТОР
Подготовка на извештаи и анализи за потребите на заинтересираните страни / корисници преку десктоп и теренски истражувања.
Подготовка и реализација на медиумска кампања
ЈАВЕН, ПРИВАТЕН, ГРАЃАНСКИ СЕКТОР
Подготовка на план и содржина за промоција на настан/проект по национални, регионални и локални медиуми како и промоција преку интернет портали и социјалните мрежи.
Подготовка на промотивни материјали
ЈАВЕН, ПРИВАТЕН, ГРАЃАНСКИ СЕКТОР
Подготовка на промотивни материјали за потребите на заинтересираните страни / корисници преку одредување на таргет, дефинирање на идеја и предлог дизајн.
Поддршка при учество на саеми и промотивни настани
ЈАВЕН, ПРИВАТЕН, ГРАЃАНСКИ СЕКТОР
Идентификација на релеванти саеми за учество, организација за учеството и поддршка на заинтересираните страни / корисници за учество на саеми и промотивни настани.
Посредување при изнаоѓање на партнери
ЈАВЕН, ПРИВАТЕН, ГРАЃАНСКИ СЕКТОР
Идентификација и воспоставување на контакт со релевантни партнери за потребите на заинтересираните страни / корисници.