Советот за развој на Пелагонискиот планскиот регион (СРППР) ги организира и координира активностите за следење и оценување на спроведувањето на планските документи за регионален развој, донесува Програма за развој на Пелагонискиот плански регион, по претходна согласност од Советот за рамномерен регионален развој и донесува годишен акционен план за спроведување на Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион.
Исто така, СРППР утврдува годишна листа на предлог-проекти за развој на Пелагонискиот плански регион и доставува предлози до Бирото за регионален развој за идентификување на подрачјата со специфични развојни потреби во рамките на Пелагонискиот плански регион.
СРППР е одговорен да обезбеди координација на активностите на единиците на локалната самоуправа, здруженијата на граѓани, државните агенции и институции во рамките на регионот кои дејствуваат во областа на регионалниот развој, како и да иницира разгледување на прашања поврзани со регионалниот развој за кои е неопходна координација меѓу единиците на локалната самоуправа и партнери од приватниот и граѓанскиот сектор,
СРППР ја промовира прекуграничната соработка со региони од други земји врз основа на заедничките интереси.
Закон за рамномерен регионален развој
Членови на СРППР
- Тони Коњановски, Градоначалник на општина Битола
- Јован Тозиевски, Градоначалник на општина Ресен
- Борче Јовчески, Градоначалник на општина Прилеп
- Tоме Христоски, Градоначалник на општина Крушево
- Никола Најдовски, Градоначалник на општина Демир Хисар
- Драганчо Саботковски, Градоначалник на општина Могила
- Стевче Стевановски, Градоначалник на општина Новаци
- Урим Ибески, Градоначалник на општина Долнени
- Николче Мискоски, Градоначалник на општина Кривогаштани
Седници на советот за развој
16-та седница на СРППР-18.07.2016
На 16-тата Седница на СРППР на дневен ред беа следните точки
1. Разгледување и усвојување на записникот од 15-тата Седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион;
2. Предлог Одлука за измена и дополнување на годишниот финансиски план на ЦРППР за 2016 година- Ребаланс на буџетот на ЦРППР;
3. Предлог Правилник за систематизација на работните места во администрацијата на Центарот за развој на Пелагонискиот регион;
4. Предлог Одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Центарот за развој на Пелагонискиот регион;
5. Информација за меѓународната конференција за бизнис средби со компании од Република Турција;
6. Разно
15-та Седница на СРППР – 18.05.2016
На 15-тата Седница на СРППР во периодот (2013-2017) на дневен ред беа следните точки:
1. Разгледување и усвојување на записникот од 14-тата Седница на Советот за развој на Пелагониски плански регион
2. Информација за одобрените проекти од Програмата за регионален развој за 2016 година
3. Информација за текот на реализација на проектите одобрени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година и потпишување на Договори за кофинансирање на проектите
4. Кофинансирање на ЦРППР за 2016 година
5. Информација за аплицирање на проект во програма на Јапонска Амбасада и потпишување на Меморандум за соработка
6. Информација за текот на реализацијата на проектот Интегрирана мрежа за регионален развој на УНДП
7. Информација за соработка со Германско друштво за меѓународна соработка (ГИЗ)
8. Информација за меѓународна конференција за активен туризам Adventure Next Balkan во Охрид 10-12 Мај 2016
14-та Седница на СРППР – 23.02.2016
На 14-тата Седница на СРППР во периодот (2013-2017) на дневен ред беа следните точки:
1. Разгледување и усвојување на записникот од 13-тата Седница на Советот за развој на Пелагониски плански регион
2. Разгледување и усвојување на годишните финансиски извештаи на ЦРППР
3. Разгледување и усвојување на Извештај за работењето на ЦРППР во 2015 година
4. Разгледување и усвојување на Извештај за реализацијата на Програмата за развој на Пелагонискиот регион во 2015 година
5. Информација за проекти поднесени во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој на РМ во 2016 година
6. Информација за текот на реализацијата на проектите одобрени во рамките на Програмата за поддршка на руралниот развој во 2015 година
7. Учество на ЦРППР во проекти во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Грција 2014-2020
8. Разно
13-та Седница на СРППР – 15.12.2015
На 13-тата Седница на СРППР во периодот (2013-2017) на дневен ред беа следните точки:
1. Разгледување и усвојување на записникот од 12-тата Седница на Советот за развој на Пелагониски плански регион
2. Утврдување на листа на предлог – проекти за развој на Пелагонискиот плански регион во 2016 година со финансиска поддршка од Програмата за регионален развој на РМ
3. Одлука за годишниот финансиски план на ЦРППР за 2016 година
4. Информација во врска со ИПА проект за 4-те плански региони (Пелагонија, Југозападен, Вардарски и Скопски регион) за кои ќе се изработува Регионален план за управување со отпад
5. Разно
12-та Седница на СРППР – 16.10.2015
На 12-тата Седница на СРППР во периодот (2013-2017) на дневен ред беа следните точки:
1. Разгледување и усвојување на записникот од 11-тата Седница на Советот за развој на Пелагониски плански регион
2. Донесување на заклучок во однос на плаќањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) за проектите одобрени во рамките на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година
3. Измена и дополнување на Правилник за систематизација на работните места во администрацијата на Центарот за развој на Пелагонискиот плански рагион
4. Измена и дополнување на Одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата во Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион
5. Разно
11-та Седница на СРППР – 31.08.2015
На 11-тата Седница на СРППР во периодот (2013-2017) на дневен ред беа следните точки:
1. Разгледување и усвојување на записникот од десеттата Седница на Советот за развој на Пелагониски плански регион;
2. Усвојување на акциски план за реализација на Програмата за развој на Пелагонискиот регион во 2016 година;
3. Усвојување на дополнета приоритетна листа за реализација на Програмата за развој на Пелагонискиот регион во 2015 година;
4. Одлука за измена и дополнување на годишен финансиски план на ЦРППР за 2015 година;
5. Информација за реализирано Студиско патување во Италија;
6. Разгледување и усвојување на препораки за управување со Пелагонија како дестинација за авантуристички туризам;
7. Разгледување и усвојување на Студија за развој на Пелагонија како дестинација за авантуристички туризам;
8. Усвојување на визуелен идентитет на Пелагонија како дестинација за авантуристички туризам;
9. Разно.
10-та Седница на СРППР – 26.05.2015
На 10-тата седница на СРППР во периодот 2013-2017 година на дневен ред беа следните точки:
1.Разгледување и усвојување на записникот од 9-тата (деветата) седница на Советот за развој на Пелагониски плански регион;
2.Избор на Претседател на Советот за развој на Пелагониски плански регион;
3.Разгледување и усвојување на Проектите кои ќе бидат аплицирани од Центарот за развој на Пелагонискиот регион на Јавниот Повик од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година;
4.Донесување на Oдлуки за приоритет на проектите кои ќе бидат аплицирани на Јавниот Повик од Програмата за рурален развој за 2015 година;
5.Информација за студиското патување во Италија;
6.Информација за проектите од Бирото за регионален развој;
7.Информација за проектите од ГИЗ;
8.Разно.
9-та седница на СРППР – 26.02.2015
На 9-тата седница на СРППР во периодот 2013-2017 година на дневен ред беа следните точки:
1.Разгледување и усвојување на записникот од 8-тата (осмата) седница на Совет за развој на Пелагониски плански регион
2.Разгледување и усвојување на Годишниот извештај за работењето на Центарот за развој на Пелагониски плански регион за 2014 година
3.Разгледување и усвојување на Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Пелагонискиот регион 2010-2015 година во 2014 година
4.Разгледување и усвојување на Завршна сметка на Центарот за развој на Пелагониски плански регион за 2014 година
5.Учество во повик на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ РЕД) во Грантова шема за поддршка на трети страни
6.Одлука за трансформација на еден работник во редовен работен однос на неопределено време согласно законот за трансформација во редовен работен однос (Сл.Весник бр. 20 од 12.02.2015)
7.Разно
8-ма седница на СРППР – 03.02.2015
На 8-мата седница на СРППР во периодот 2013-2017 година на дневен ред беа следните точки:
1.Разгледување и усвојување на записникот од 7-тата (седмата) седница на Совет за развој на Пелагониски плански регион
2.Разгледување и усвојување на Програмата за развој на Пелагониски плански регион 2015-2019 година
3.Разгледување и усвојување на Акциониот план на Центар за развој на Пелагониски плански регион 2015-2019 година
4.Учество во повик на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ РЕД) во Грантова шема за поддршка на трети странни
5.Информација за завршувањето на прекуграничниот проект FIRESHIELD помеѓу Македонија – Грција и донесување на Одлука за пренамена на средства од редовната сметка на ЦРППР на сметка на проектот
6.Информација за проектот: Интегрирана мрежа за регионален развој во Пелагониски плански регион
7.Разно
7-ма седница на СРППР – 28.11.2014
На 7-мата седница на СРППР во периодот 2013-2017 година на дневен ред беа следните точки:
1.Разгледување и усвојување на записникот од 6-тата (шестата) седница на Совет за развој на Пелагониски плански регион
2.Информација за аплицирањето на проекти во Бирото за регионален развој за 2015 година 3.Одлука за приоритетна листа со регионални проекти за 2015 година (Биро за рамномерен регионален развој на РМ)
4.Усвојување на финансиски план за 2015 година на Центар за развој на Пелагониски плански регион
5.Информација за програмата на Пелагонискиот регион 2015-2019 година
6.Информација за проектот: Интегрирана мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион
7.Информација за завршениот проект во рамките на ПБГ финансиски поддржан од страна на ГИЗ РЕД и усвојување на матрица за мониторинг
8.Разно
6-та седница на СРППР – 23.09.2014
На 6-тата седница на СРППР во периодот 2013-2017 година на дневен ред беа следните точки:
1.Отпочнување на соработка со UNDP за воспоставување на мрежа за регионален развој
2.Презентација на постигнатите резултати од соработката со Карана Корпорација
3.Информација за статусот на проектите од Грантовата шема базирана на резултати (PBG GIZ RED)
4.Информација за процесот на донесувањето на новата програма за регионален развој на Пелагониски плански регион за периодот 2015-2019
5.Измена и дополнување на годишен финансиски план на ЦРППР за 2014 година
6.Одлука за утврдување на вредноста на бодот за висината на платите на вработените во Центарот за развој на Пелагониски плански регион
7.Разно
5-та седница на СРППР – 27.02.2014
На 5-тата седница на СРППР во периодот 2013-2017 година на дневен ред беа следните точки:
1.Разгледување и усвојување на Записникот од четвртата Седница на СРППР
2.Разгледување и усвојување на Завршна сметка на ЦРППР
3.Разгледување и усвојување на Годишен финансиски извештај на ЦРППР
4.Разгледување и усвојување на Годишен извештај за работењето на ЦРППР
5.Разгледување и усвојување на Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Пелагонискиот регион 2010-2015 година во 2013 година
6.Разгледување и усвојување на Акциски план за 2014 година
7.Одобрени проекти во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој на РМ за 2014 година
8.Кампања на Министерство за животна средина и просторно планирање на РМ“Македонија земја на цвеќето-земја на розите” – Презентација на Министерство за животна средина и просторно планирање на РМ 9.Разно
4-та седница на СРППР – 06.12.2013
На 4-тата седница на СРППР во периодот 2013-2017 година на дневен ред беа следните точки:
1.Разгледување и усвојување на Записникот од третата седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион
2.Усвојување на Годишен финансиски план на ЦРППР за 2014 година
3.Одлука за приоритетна листа со регионални проекти за 2014 година (Биро за рамномерен регионален развој на РМ)
4.Одлука за учество во Грантова Шема базирана на перформанси (ГИЗ РЕД)
5.Разно.
3-та седница на СРППР – 21.08.2013
На 3-тата седница на СРППР во периодот 2013-2017 година на дневен ред беа следните точки:
1.Разгледување и усвојување на Записник од втора Седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион
2.Прифаќање на критериуми за приоретизација на проектни идеи кои ќе поднесат во Грантовата шема базирана на резултати (PBG GIZ RED)
3.Приоретизација на проектни идеи кои ќе поднесат во Грантовата шема базирана на резултати (PBG GIZ RED)
4.Усвојување на приоритетна листа на проекти кои ќе се поднесат во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2014 година (БРР 2014)
5.Измена и дополнување на годишен финансиски план на ЦРППР за 2013 година
6.Потпишување на Договор за воспоставување на меѓуопштински одбор за управување со отпад (РИУО, Министерство за животна средина на РМ)
7.Избор на Претседател на меѓуопштински одбор за управување со отпад
8.Избор на членови на стручна служба на меѓуопштински одбор за управување со отпад
9.Избор на членови во комисија за доделување на финансиска помош за достигнување на стандарди во работењето на угостителски објекти од мал обем (Проект Имплементација на законската регулатива за категоризација на туристичко-угостителски објекти во Пелагонискиот регион финансиран од БРР 2013)
10.Информација за одобрен проект Воведување и спроведување на ЛЕАДЕР пристап во Пелагонискиот регион (втора фаза) и студиско патување во Задар, Република Хрватска
11.Информација за проекти кои ќе се поднесат во рамките на третиот повик од Програмата за прекугранична соработка со Република Грција
2-ра седница на СРППР – 03.07.2013
На 2-рата седница на СРППР во периодот 2013-2017 година на дневен ред беа следните точки:
1.Разгледување и усвојување на Записникот од првата конститутивна седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион;
2.Разгледување на одобрените проекти и координација за нивно имплементирање во рамките на програмата за рамномерен регионален развој за 2013 година;
3.Отпочнување на соработка со германска развојна агенција ГИЗ РЕД
4.Имплементација на проектот ЛЕАДЕР во втората година
5.Отворен повик за прекугранична соработка помеѓу Македонија-Грција
6.Регионално управување со отпад
7.Разно.
На конститутивната 1-ва седница на СРППР во периодот 2013-2017 година на дневен ред беа следните точки:
1. Конституирање на Совет за развој на Пелагониски плански регион
2. Избор на Претседател на Совет за развој на Пелагониски плански регион
3. Разно
За Претседател на Советот за развој на Пелагониски плански регион беше избран Владимир Талески – градоначалник на општина Битола.
Одржана 16-тата Седница на Советот за развој на Пелагониски плански регион – 28.02.2013
Советот за развој на Пелагониски плански регион на 28.02.2013 година ја одржа 16-тата седница на која беа разгледувани следните точки:
1.Усвојување на Записник од 15-та Седница на Совет за развој на Пелагониски регион
2. Усвојување на Годишен Извештај за работењето на Центарот за развој на Пелагонискиот регион за 2012 година
3.Усвојување на Годишен Извештај за спроведување на Програмата за развој на Пелагониски плански регион за периодот 2010 – 2015 година за 2012 година
4.Усвојување на Годишен финансиски извештај на Центарот за развој на Пелагонискиот регион за 2012 година
5.Усвојување на завршна сметка на Центарот за развој на Пелагониски плански регион за 2012 година
6.Информација за текот на имплементацијата на проектите одобрени во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој на РМ за 2012 година
7.Информација за текот на имплементацијата на проектот “Изградба на хидрантска мрежа во Пелагонискиот регион” финансиран од Јапонска Амбасада
8.Информација за текот на имплементацијата на проектот „Иновативни едукативни програми за подобрување на природните ресурси на прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин ЗОО Иноватива” финансиран во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција
9.Информација за текот на имплементацијата на проектот “Воведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион” финансиран од Карана Корпорација и Проектот за експанзија на мали бизниси
10.Информација за аплицирани проекти во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој на РМ за 2013 година
11.Информација за аплицирани проекти во рамките на Програмата за инвестирање во животната средина на Министерство за животната средина и просторно планирање на РМ за 2013 година
12.Разгледување на Нацрт-извештајот на Овластениот државен ревизор за извршената ревизија на успешност-ефикасност од реализацијата на Програмата за рамномерен регионален развој на РМ за периодот 2009-2012 година
13.Кофинансирање на тековното работење на Центарот за развој на Пелагонискиот регион од националниот буџет и финансирање на регионални проекти преку Програмите за регионален развој
14.Разно
Одржана 15-тата Седница на Советот за развој на Пелагониски плански регион – 29.11.2012
Советот за развој на Пелагониски плански регион на 29.11.2012 година ја одржа 15-тата седница на која беа разгледувани следните точки:
1.Презентација на претставници од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање за измените во Законот за управување со отпад;
2.Формирање на Регионалниот одбор за управување со отпад во Пелагонискиот регион;
3.Формирање на оперативни (технички) служби во Регионалниот одбор
4.Усвојување на годишниот Акционен план за 2013 година на Пелагонискиот регион;
5.Усвојување на годишна листа на предлог-проекти за развој на Пелагонискиот регион за 2013 година;
6.Усвојување на годишниот финансиски план на Центарот за развој на Пелагониски регион за 2013 година;
7.Информација за имплементирањето на добиениот проект FIRESHIELD од програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија-Грција;
8.Информација за одобрениот проект ЗОО ИНОВАТИВА од програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија – Грција;
Одржана 14-та седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион – 28.02.2012
Советот за развој на Пелагонискиот плански регион на 28.02.2012 година ја одржа 14-тата седница на која беа усвоени проектите кои ќе бидат поднесени до Бирото за регионален развој на Република Македонија за 2012 година од страна на Пелагонискиот регион.
На седницата покрај проектите кои ќе бидат поднесени до Бирото за регионален развој, членовите на Советот ги разгледаа и усвоиа извештаите за работењето на ЦРППР во 2011 година како и добиените, аплицираните и имплементираните проекти кои минатата година ЦРППР ги реализира.
Одржана 13-та седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион – 15.12.2011
На 13-тата редовна Седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион одржана на 15.12.2011 година во општина Битола како една од точките на дневен ред беше и избор-реизбор на нов Претседател на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион.За Претседател на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион е повторно реизбран градоначалникот на општина Битола г-дин Владимир Талески. Мандатот на Претседателот на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион е со времетраење од 2 години. Исто така Советот за развој на Пелагонискиот плански регион како една од точките на дневен ред беше и Презентација на моделите за воспоставување на систем за интегрирано управување со отпад во Пелагонискиот регион од страна на тимот на Министерството за животна средина и просторно планирање, предводен од Министерот Абдилаќим Адеми.На оваа седница градоначалниците од Пелагонискиот регион имаа можност да се запознаат со двата модели за воспоставување на систем за интегрирано регионално управување со отпад:
1.Преку конкурентен дијалог, Јавно приватно партнерство и
2.Со поддршка на ИПА инструментот
По водената конструктивна дискусија помеѓу членовите на Советот за развој на Пелагониски регион со претставниците од Министерството за животна средина и просторно планирање, градоначалниците од Пелагонискиот региона а воедно и членови на Советот за развој на Пелагониски регион донесоа одлука дека Пелагонискиот регион ќе воспостави регионален систем за интегрирано управување со отпад со поддршка на ИПА инструментот.
На оваа седница беше усвоена приоритетната предлог листата за проекти на Пелагонискиот плански регион за 2012 година како и финансискиот план за 2012 година на ЦРППР.
Во Прилеп одржана 12-та седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион – 14.07.2011
На 14.07.2011 во општина Прилеп се одржа 12-та седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион (СРППР). На 12-та седница присуствуваа сите 9 градоначалници од Пелагонискиот регион. На 12-та седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион беше донесен Акциониот план за 2012 на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.
На оваа седница Директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион г-ѓа Емилиа Ѓероска ги информираше членовите на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион за потпишаните договори со Бирото за регионален развој (БРР) за одобрените проекти кои ќе се реализираат во Пелагонискиот регион.
Одржана 11-та седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион – 17.02.2011
Одржана 10-та седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион – 21.12.2010
На 21.12.2010 година во општина Битола се одржа десеттата седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион на којашто беа прифатени Годишниот извештај за спроведување на Програмата за развој на Пелагoнискиот плански регион 2010 – 2015 година од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион за 2010 година, Годишниот извештај за работењето на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион за 2010 година, Годишниот Акционен план за 2011 година, Годишниот Финансиски план за 2011 година, Листата на предлог проекти за развој на Пелагонискиот плански регион за 2011 година, како и Туристичката мапа изготвена од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот лански регион.
Одржана 9-та седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион – 29.10.2010
Одржана 8-ма седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион – 10.06.2010
На 10.06.2010 година, во општина Битола се одржа 8-та седница на Советот за развој на Плагонискиот плански регион на којашто беше презентирана Пограмата за развој на Пелагонискиот плански регион 2010-2015. Градоначалниците – членови на Светот дискутираа и ја усвоија Пограмата за развој на Пелагонискиот плански регион 2010-2015 во којашто содржани се четири стратешки цели:
1. Подобра меѓусебна и меѓународна поврзаност на општините во регионот преку планирање и изградба на современа инфраструктура;
2. Подобрена животна средина преку намалување на загадувањето, отстранување на последиците од него, како и зголемување на енергетската ефикасност;
3. Повисок квалитет на живот и поголема социјална кохезија во регионот, преку континуирано вложување во развојот на човечките ресурси;
4. Поттикнување на локалниот економски развој на Пелагонискиот регион.