ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕГИОНОТ ДОЛНА НОРМАНДИЈА, РЕПУБЛИКА ФРАНЦИЈА

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион е вклучен во Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Република Македонија и Регионот Долна Нормандија од 2010 година. Во рамките на оваа програма формирана е Мрежа за културен развој на Пелагонискиот регион во која учествуваат сите релевантни чинители во развојот на културата. Мрежата, која ја координира ЦРППР и во соработка со Локомотива од Скопје подготви Стратегија за културен развој на Пелагонискиот регион 2013-2016 година, прв ваков документ со регионален опфат во РМ кој е во согласност со Стратегијата за развој на културата на РМ. Во рамките на соработката, ЦРППР го реализираше проектот: Културата во улога на територијален развој и социјална кохезија во партнество со Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата Локомотива Скопје и Мешаниот Синдикат на областа на заливот Мон сен Мишел, во чии рамки се реализира второто издание на манифестацијата Регионални денови на културата во Пелагонија. Во 2014 година Центарот за развој на Пелагониски плански регион и партнерите Мешаниот Синдикат на областа на заливот Мон сен Мишел – Нормандија потпишаа Меморандум за соработка.

Во текот на 2015 година започна реализацијата на проектот: Развиено наследство вектор на односи и основа за регионален идентитет кој во текот на 2015 и 2016 година ќе се реализира на двете територии, Пелагонија и Нормандија. Во рамките на овој проект беше креиран заеднички туристички производ со учество на сите релевантни чинители од 9-те Пелагониски општини со посебен акцент на локалното население, беше организирана посета на претставници од релевантни институции од Нормандија и беа остварени средби со претставници од културните институции во Пелагонија. Исто така, преку заеднички процес, беа реализирани третите по ред Регионални денови на културата кои опфатија 10 културни настани во сите Пелагониски општини. Во рамките на соработката, изработена е и андроид апликација за вкупно 5 патеки кон црквите и манастирите на Баба планина, по нивна претходна теренска ревизија и ревизија на Каталогот со цркви и манастири на Баба планина.