Skip to content

Реновиран Студентскиот дом ”Кочо Рацин” во Битола

DATE

May 25, 2021

Categories

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка успешно ја заврши имплементацијата на проектот:”ИЗГРАДБА НА ИНФРАСТРУКТУРА ЗА СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН – ЦЕНТАР ЗА СМЕСТУВАЊЕ И ПСИХОСОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА НА ЛИЦА ОД РАНЛИВИ ПОПУЛАЦИИ ВО ДРЖАВЕН СТУДЕНТСКИ ДОМ “КОЧО РАЦИН” БИТОЛА”

Главната цел на овој проект е да обезбеди функционална инфраструктура (сместувачки капацитети, едукативна просторија, опрема, нагледни средства) и психосоцијална поддршка за студенти и лица од ранливи популации во Пелагонискиот регион.
Во рамките на проектот:
– Реновирани и опремени се 6 соби за 15 лица кои вклучуваат тоалети, кревети, бироа, шкавчиња и столчиња.
– Изведена e дренажа околу целиот објект.
– Извршена е замена на кровот.
– Реновирана и опремена инклузивна училница за работа на Центар за психосоијална поддршка на лица со посебни потреби во Пелагонискиот регион.
– Набавена ИТ опрема ( комјутер и проектор) за потребите на студентскиот дом.
Овој проект има посебно значење затоа што претставува директен показател за тоа дека регионалните форуми во Пелагонискиот регион поддржани од Проектот за Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој се успешна алатка за идентификација на регионални проекти кои се одраз на вистинската потреба на регионот но и платформа за промовирање и унапредување на регионалниот развој.

Проектот се реализираше во рамките на Грантова шема за инвестициски проекти во областите на социјална инклузија на проектот: ”Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” во имплементација на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Вкупната вредност на проектот изнесува: 6.017.601 мкд

Share:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

I accept the Privacy Policy