Оглас за ангажирање на проектен координатор за проектот J-CROSS
На следниот лимнк можете да го погледнете огласот за проектен координатор за проектот J-CROSS
https://e.issuu.com/anonymous-embed.html?u=pelagonija&d=scan0017
Заменик Амбасадорот на Јапонија во Република Македонија г-дин Хидеаки Мачида во посета на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион
На 17-ти декември 2018 година во просториите на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион беше организирана посета од страна на Заменик Амбасадорот на Јапонија во РМ г-дин Хидеаки Мачида. На оваа прва посета во Пелагонискиот регион заменик амбасадорот заедно со раководителот на ЦРППР г-дин Гого Видимче разговараа за тековните проекти финансирани од страна на Јапонска Амбасада во Пелагонискиот регион и нивната имплементација, конкретно за проектот: “Превенција од поплави во Пелагонискиот регион – зајакнување на регионалните капацитети”, кој беше одобрен како грант од страна на Јапонската Амбасада во РМ кон Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во 2017 година.
Во рамките на тој проект се набави ровокопач-натоварувач кој ЦРППР им го дава на користење на општините од Пелагонискиот регион со цел чистење на канали за превенција од поплави. Овој проект беше оценет како нај иновативен проект и како прв од ваков тип во Република Македонија претставува позитивна приказна на вистински регионален проект, каде повеќе општини се директни корисници на еден грант а процесот е успешно менаџиран од страна на ЦРППР.
Во рамките на средбата се оствари теренска посета во Крушево каде во моментот е даден на користење ровокопачот, на кој заменик амбасадорот направи увид како и за што се користи доделениот грант.
Овој проект е втор одобрен грант од страна на Јапонската Амбасада кон Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. Успешната имплементација на овие проекти претставуваат можност за продолжување и зацврстување на соработката на Јапонската Амбасада во РМ и ЦРПРР и во иднина.
9-та Седница на СРППР
На 27.07.2018 година во Битола, Советот за развој на Пелагонискиот плански регион ја одржа својата 9-та Седница. На седницата покрај градоначалниците од Пелагонискиот регион присуствуваа и ѓ-га Луиза Винтон постојан претставник на Обединетите Нации во РМ, Г-ѓа Билјана Цветановска Гугоска – Проект менаџер во УНДП и г-дин Рамиз Реџепи – Директор на Бирото за регионален развој на РМ.
Покрај тековните точки на дневен ред беше ставена и точката за грантовата шема на УНДП за поддршка на центрите за развој на планските региони преку која во секој регион ќе се реализира по еден регионален проект кој ќе биде од значење за сите општини. Оваа грантова шема УНДП ја реализира во рамките на проектот за „Унапредување на општинското владеење“, кој што е финансиран од Европска Унија, во соработка со Министерство за локална самоуправа на РМ.
Членовите на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион едногласно одлучија финансиската поддршка од оваа шема да ја искористат за регионално со меѓуопштинска соработка да работат на решение на проблемот со кучиња скитници во сите општини од Пелагонискиот регион. Со ова би се решила алармантната состојба со кучињата скитници на ефикасен и ефективен начин во согласност со законските мерки и одредби.
5 Нови регионални проекти во Пелагонискиот регион
Во понеделникот на 09.07.2018 Центарот за развој на Пелагониски плански регион и Министерството за локална самоуправа на РМ, потпишаа договори за реализација на нови регионални проекти во Пелагонискиот регион.
ЦРППР ќе реализира уште 5 нови проекти со вкупна вредност од 23.268.492 мкд. Проектите се финансирани во рамките на Програмата рамномерен регионален развој за 2018 година финансирани од страна на Министерството за локална самоуправа на РМ преку Бирото за регионален развој на РМ. Согласно Одлуката за приоритетна листа на проекти на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион Центарот за развој на Пелагониски плански регион во 2018 година ќе ги имплементира следните проекти:
- Заштита на животната средина и туристичките потенцијали во Пелагонискиот плански регион преку набавка на возила за собирање на комунален отпад(Општините Крушево, Демир Хисар);
- Јакнење на капацитетите на територијалните противпожарни единици во Пелагонискиот регион (Општините Битола, Прилеп, Ресен);
- Подобрување на регионалните услуги преку опремување на простории во административна зграда во с.Ропотово Општина Долнени;
- Подобрување на регионалната поврзаност во Пелагонискиот регион преку реконструкција на општински пат од Пашино Рувци до регионален пат Р 2339 (Општина Кривогаштани)
- Регулирање на коритото на Црна Река и нејзините притоки по течението на општините Могила, Новаци, Битола и Демир Хисар (четврта фаза).
Втор оглас за ангажирање на проектен координатор
Оглас за ангажирање на проектен менаџер
Пуштен во употреба новиот модерен пазар во Демир Хисар
Со реализацијата на проектот се изврши модернизација на пазарот со што се создаваат инфраструктурни предуслови за зголемување на економската активност и зголемување на овој дел од регионот.
Со ставањето во функција на обезбеден и точно наменет простор за купување и продажба ќе се создадат услови за поефикасна и поквалитена трговија со регионални земјоделски производи што ќе доведе до зголемен приходи на земјоделските производители и дополнителен стимул за поголем обем на работа и нови инвестиции.
Овој проект е од голема економска важност особено за населените места од различни општини кои гравитираат околу Демир Хисар бидејќи продажбата на производите на овој пазар за нив претставува единствен извор на приходи.
Трговијата со регионални земјоделски производи е значаен потенцијал за зголемување на регионалната конкурентност на Пелагонискиот регион.
Со проектот се изврши нивелирање и тампонирање на просторот;
Поставени се потпорни ѕидови;
Извршена е набавка и вградување на кровен сендвич лим со дебелина од 12 см, исполнат со течен полипропилен на површина од 457m²;
Изработени и поставени се 48 тезги од метални профили
Изработена и вградена е нова ограда во должина од 205м;
Извршено е покривање на пазарот со вградување на кровен пластифициран ребраст лим на површина од 212,5м²;
Извршено е поплочување на пазарот со вградување на бекатон плочки на површина од 550м²;
Изведена е нова електрична инсталација и комплетно осветлување на пазарот како и изведена е атмосферска канализација.
Вкупна вредност на проектот е 6.099.565,00 мкд.
ЦРППР потпиша два Договори за поттикнување на рамномерниот регионален развој
На 13.04.2018 година помеѓу Министерството за локална самоуправа на РМ и Центарот за развој на Пелагонискиот регион беа потпишани два Договори за финансирање на конкретни активности за поттикнување на рамномерниот регионален развој.
Согласно потпишаните договори а во рамките на проектот Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој, поддржан од Швајцарската Влада, во текот на 2018 година ЦРППР ќе организира серија од регионални Форуми во заедницата во кои што ќе бидат вклучени жителите од општините во Пелагонискиот регион а на кои преку инклузивен и транспарентен процес, ќе бидат дефинирани регионални приоритети. Со средства обезбедени од Швајцарската Влада дел од тие приоритети ќе биде и реализиран.
Исто така, согласно потпишаните договори, Министерството за локална самоуправа ќе продолжи да ги финансира и поддржува активностите на Бизнис центарот кој функционира во рамките на ЦРППР, пред се, за обезбедување на советодавни услуги за малите и средни претпријатија во регионот.
Оглас за ангажирање на проектен менаџер за потребите на проектот: РУРАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО – СМАРТ РУРАЛ, кофинансиран од Програмата БАЛКАН МЕДИТЕРАНИАН 2014-2020 и земјите учеснички
На следниот линк можете да го погледнете огласот – ПОГЛЕДНИ