Како дел од активностите на проектот „Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор – Ј-CROSS“ на 4 Април, 2019 година, беше реализиран вториот состанок на партнерите на проектот.
Состанокот се одржа во Хотел „Миленуим Палас“ во Битола и на истиот зедоа учество партнерите: Центар за развој на пелагонискиот плански регион (ЦРППР), Центар за управување со кризи (ЦУК), Универзитет Аристотел од Солун, Регион на Западна Македонија – Кожани и Национална опсерваторија на Атина. На состанокот присуствуваа и претставници на Заедничкиот секретариат на програмата за меѓугранична соработка Interreg – IPA CBC.
Целта на состанокот беше партнерите на Проектот J-CROSS разменат искуства за текот на имплементација на активностите од проектот, како и да информираат за можните предизвици и проблеми при самата имплементација.
После работниот дел на состанокот, присутните имаа можност да ја посетат Браната Стрежево и да се запознаат со карактеристиките на браната и придружните објекти.
No comment yet, add your voice below!