Skip to content

Оглас за ангажирање на Предавач за потребите на Проектот: “Иновативни eдукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин – ЗОО Иноватива

ДАТУМ

февруари 12, 2014

Категории

О Г Л А С

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион

обајвува оглас за ангажирање на Предавач за потребите на Проектот:

“Иновативни eдукативни програми за зајакнување на природните ресурси во
прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин – ЗОО Иноватива”.

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ги поканува сите квалификувани лица кои се заинтересирани да бидат вклучени во активностите на гореспоменатиот проект да достават потребни документи согласно со постапката за избор на Предавач.

Носител на проектот:
Центар за развој на Пелагонискиот плански регион.

Партнери на проектот :
–    Агенција за развој на Лерин – ”АНФЛО”
–    Општина Битола;
–    Општина Лерин;
–    Зоолошка Градина Битола.
Главна цел на проектот:
Да придонесе во подобрувањето на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин преку креирање и менаџмент на иновативни производи и услуги со цел подигање на општата свест во прекуграничниот регион, за важноста во учеството на заштитата и унапредувањето на животните ресурси.

Очекувани резултати од проектот:
–    Зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион;
–    Имплементирање на едукативни програми;
–    Воспоставување и активно функционирање на волонтерски систем во ЗОО – Битола;
–    Таргетирање на поширката целна група (приближно 20 000), и информирање за важноста на ресурсите на животната средина преку иновативни едукативни програми.

Финансиран од :
Програма за прекугранична соработка помеѓу Р. Грција – Р. Македонија  2007 – 2013 година, (Договор CRIS No: IPA / 2009/ DN021101/CN307-701).

Критериуми за избор на Предавач

За потребите на горенаведениот проект, потребно е ангажирање на Предавач кој ќе спроведе обуки во времетраење од 5 дена во Битола и 5 дена во Лерин- Грција, на следните теми:

•    Карактеристики на прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин од аспект на биолошката разновидност – бројност и присуство на видови со акцент на видови од значење за одржлив развој на регионот;
•    Значењето на заштитата на биолошката разновидност во прекуграничниот регион Пелагонија/ Лерин – Меѓународни конвенции, институционални мерки за унапредување и учество на јавноста;
•    Валоризација на биолошката разновидност во функција на одржлив развој на регионот Пелагонија/Лерин – , меѓународни организации, институции, и улога на развојните регионални агенции и локални граѓанските организации;
•    Ризици и предизвици при управување со природните ресурси и животната средина во прекуграничниот регион Пелагонија/ Лерин; – негативните аспекти и влијание на климатските промени врз биолошката разновидност во регионот Пелагонија/Лерин, реакции при елементарни непогоди и природни катастрофи;
•    Пренесување на учесниците на обуката практични вештини и нивна примена во управување со биодиверзитетот и заштитата на животната средина во прекуграничниот регион Пелагонија/ Лерин.

Обуките во Битола и во Лерин- Грција, ќе бидат наменети за едукација и обучување на 20 студенти од прекуграничниот регион Пелагонија/ Лерин;  кои  се редовни студенти на факултетите на кои се изучуваат предмети од областа на унапредување и  заштита на животната средина и биодиверзитетот.

Обуките ќе се спроведуваат од страна на два предавачи, еден од Македонија и еден од Грција. Предавачот ангажиран од страна на Центарот за развој на Пелагониски плански регион треба да биде во постојана координација и соработка со предавачот од истата област ангажиран од страна на проектниот партнер од Лерин – АНФЛО ( Агенција за развој на Лерин)- Грција.

Временска рамка и локација за реализација на обуката:

Петдневната обука во Битола ќе се одржи во втората половина на месец февруари, а петдневната обука во Лерин- Грција ќе се одржи во првата половина на месец март.

Превземените обврски од страна на Предавачите отпочнуваат 5 дена пред спроведувањето на обуките и ќе траат се до успешната реализација на двете обуки.

Договорниот орган го задржува правото за промена на временската рамка за одржување на петтдневните обуки во Битола и Лерин- Грција.

Очекувана методологија при подготовка и спроведување на обуката :

Во процесот на подготовка и спроведување на обуката, ангажираниот Предавач треба да ја користи следната методологија:

–    Воведно теоретско предавање;
–    Употреба на визуелни алатки (Power point презентации, видео презентации и фотографии);
–    Студии на случај;
–    Дилема игри и табели;
–    Употреба на методот на индивидуална работа на поставени задачи;
–    Употреба на тимска работа на поставени задачи;
–    Поттикнување на учество преку прашања и одговори и дијалошка форма на работа;
–      Координација и соработка со предавачот ангажиран од страна на грчкиот партнер на проектот -АНФЛО

Предавачот треба да ги исполнува следните критериуми:

1.    Задолжително завршено високо образование и стручни квалификации во областа на заштитата и унапредување на животната средина, биолошка разновидност или менаџирање со еколошки ресурси;

2.    Претходно учество на конференции, одржани обуки или тренинзи (домашни и/или меѓународни) поврзани со темата на проектот;

3.    Да има работно искуство и познавање поврзано со темата на проектот за што ќе приложи соодветни препораки доколку ги поседува.

Секој заинтересиран и квалификуван кандидат може да конкурира за спроведување на обуката.

Потребни вештини и способности:

Ангажираниот Предавач треба да поседува добри организаторски, комуникациски вештини и способности за јасна презентација на материјалите, да креира позитивна работна атмосфера преку следење на интересот на групата.

Јазик на подготвените тренинг материјали:

Тренинг материјалите кои ќе бидат потребни за имплементација на гореспоментатите тренинзи треба да бидат подготвени на македонски и на англиски јазик.

Надоместок:

Предавачот ќе го добие својот надоместок по реализацијата на обуката, односно до крајот на реализацијата на Проектот.
За петдневната обука во Лерин- Грција, Предавачот покрај надоместокот за реализација на обуката, ќе му биде исплатена и дневница која ќе ги покрие патните трошоци и трошоците за сместување и храна за 5 дена.
Плаќањето ќе биде извршено на трансакционата сметка на Предавачот.
Договорниот орган ќе го исплати и Персоналниот данок за Предавачот.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

•    ПРИЈАВА- во слободен формат со предложена методологија за реализација на обуката;
•    Кратка биографија на македонски или англиски јазик во европски формат (EUROPASS);
•    Портфолио за успешно реализирани обуки/ тренинзи, публикации поврзани со истата или слична тема на обуката;
•    Препораки за успешна реализација на најмалку 3 активности на иста или слична тема (доколку ги поседува);
•    Предлог материјали кои ќе се користат за време на обуката.

Кандидатите ќе бидат евалуирани од страна на комисијата за евалуација при Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, врз основа на претходно воспоставени критериуми во Табела за евалуација. Кандидатите ќе бидат оценети со оценка од 1-5 за секој поединечен критериум публикуван во Огласот и Описот на работни задачи.
Кандидатите кои ќе бидат највисоко оценети ќе бидат повикани на интервју.

Апликациите треба да бидат доставени во печатена форма на следната адреса.

Центар за развој на Пелагониски плански регион
ул. Томаки димитровски бр. 7
7000 Битола

или по електронски пат на e-пошта

zooprojectbt@gmail.com

Краен рок за пријавување е 10 дена од денот на објавување на огласот.

Огласот и описот на работните задачи можат да се превземат од веб страните:

1.    www.pelagonijaregion.mk
2.    www.zoobitola.mk/index.php
3.    www.bitola.gov.mk
4.    www.vfb.uklo.edu.mk
Превземи оглас – тука

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy