Денес во Битола, во организација на ЦЕЕД Македонија, УСАИД Македонија а со логистичка подршка од Центарот за развој на Пелагониски плански регион се одржа презентација на Проектот за микро и мали претпријатија финансиран од УСАИД, а имплементиран од ЦЕЕД Македонија, како дел од регрутацијата на третата генерација претприемачи и менаџери во рамки на истиот.
Презентацијата се одржа во хотел „Милениум“, Битола, од 11.00 до 12.00 часот а на неа учество зедоа повеќе од 20 малостопанственици од Пелагонискиот регион.Проектот за микро и мали претпријатија на УСАИД со буџет од 1.979.400 УСД, го поддржува растот на претприемачите и нивните претпријатија преку размена на искуства, советувања, алатки за развој на бизнисот, поддршка при извозот и инвестиции. До сега, во проектот вклучени се повеќе од 166 микро и мали компании, креирани се повеќе од 90 работни места и 135 можности за работа, организирани се 3.415 индивидуални тренинг часови, остварени се преку 100 соработки помеѓу микро-претпријатијата, обезбедена е бизнис поддршка на 89 претпријатија и направена е првата инвестиција од 50.000 УСД.
Регистрацијата на сите заинтересирани стопанственици за учество во проектот во следната година е отворена до 31.12.2013.
No comment yet, add your voice below!