Skip to content

Доделени Потврди за успешно помината обука за воведување на ЛЕАДЕР пристапот

ДАТУМ

октомври 17, 2013

Категории

На 17-ти и 18-ти октомври 2013 година во Прилеп и Битола се одржа свечено доделување на Потврди за успешно помината обука за “Воведување на ЛЕАДЕР пристап”. Овие потврди им беа доделени на учесниците кои присуствуваа на обуките во рамките на првата година од проектот: “Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Пелагонискиот регион ” кој се имплементира од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во партнерство

со УСАИД Проектот за експанзија на мали бизниси, на Карана Корпорација. Во наредниот период следуваат активности за регистрирање на три Локални Акциони Групи во Пелагонискиот регион, а со тоа се означува започнување на втората година од проектот.  Во втората година е планирано учесниците да поминат низ процес за подготвување на локални стратегии за рурален развој, обука за проектен менаџмент и едно студиско патување за размена на искуства со Локални Акциони Групи од соседните земји.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy