Skip to content

Oдржана Завршната Конференција за Проектот- Институционална надградба и поддршка на бизнис активностите во Пелагонискиот Регион

ДАТУМ

септември 16, 2011

Категории

Центарот за Развој на Пелагонискиот Плански Регион, на 16.09.2011 година ја одржа Завршната Конференција за Проектот- Институционална надградба и поддршка на бизнис активностите во Пелагонискиот Регион кој беше реализиран во текот на јуни 2010-септември 2011 под слоганот “ Градиме Партнерства”.

Проектот се реализираше преку три проектни модули и тоа:
•    Обуки за подготовка на проекти, за донаторски процедури и изнаоѓање на фондови.
•    Обуки за правните и организациските аспекти на Јавно-приватно партнерство (ЈПП); Развивање на модели и предлози за ЈПП, организирање на редовни настани за ефективна комуникација на општините и бизнис секторот на кои ќе се идентификуваат потенцијални ЈПП.
•    Обуки за бизнис вештини, развивање мрежа за размена на податоци, подготовка на промотивни материјали и веб страна како алатка за поддршка и привлекување на нови домашни и странски инвестиции, подготовка на редовни локални и регионални презентции за биснис можностите во Пелагонискиот регион.
Со проектот се воспостави организиран и структуриран тим, опремен со неопходни вештини во секоја од деветте општини во регионот и во канцеларијата на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, способен да ги координира и поддржи биснис активностите во регионот што беше и генерална цел на проектот.
“Градиме партнерства” беше финансиски поддржан од Бирото за регионален развој како дел од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа на Република Македонија.
Средствата беа обезбедени од буџетот на Република Македонија и општините во Пелагонискиот плански регион: Битола, Прилеп, Ресен, Крушево, Демир Хисар, Новаци, Могила, Кривогаштани и Долнени.
Со активностите на проектот директно или индирекнто беа опфатени околу 350 вработени во општинските администрации и околу 6170 правни субјекти во Пелагонискиот регион

Реализирани активности во рамките на проектот “Градиме Партнерства”:

Обуки:
–     “Подготвување предлог – проекти”
–     “Правни и организациски аспекти на Јавно-приватно партнерство (ЈПП)”
–     “Бизнис вештини и можности за финансирање на бизниси”
–     “Процесот на идентификација на ЈПП во општинските планови за ЛЕР”
–     “Развивање на модели за ЈПП и предлози за ЈПП”
–     “Развивање на предлог проекти за финансирање од претпристапни   фондови на ЕУ и програми на заедниците”
–    “Изнаоѓање на фондови”
–    “Донаторски процедури  (фондови на Европска Унија)”
–    Kористење на веб – програмата ,,ПЕЛАГОНИЈА-БИЗНИС”

Работилници:

– “Постапка за доделување на договор за ЈПП” – Битола
– “Постапка за доделување на договор за ЈПП” – Прилеп

Презентации на можностите за инвестирање во Пелагонискиот регион:

Локални презентации:
–    Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Долнени
–    Ресен
–    Могила и Новаци

Регионални презентации:
–    Корча, Република Албанија
–    Лерин, Република Грција
Водич за инвестирање во Пелагонискиот регион
Оваа алатка беше изработена со цел да им овозможи на потенцијалните инвестиори во Пелагонискиот регион детален преглед на инвестициските потенцијали со кои располага регионот и секоја од деветте општини поединечно.
Водичот за инвестирање содржи информации кои се од клучно значење за успешно почнување и завршување на еден инвестициски циклус. Во него се поместени податоци во врска со деветте индустриски и развојни зони во регионот, како и компаративните развојни предности на секоја од општините во  Пелагонија.
Со цел развојниот потенцијал на регонот да биде претставен пред пошироката инвестициска заедница, Водичот беше преведен на 3 странски јазици: Албански, Англиски и Грчки.

Видео спот за можностите за инвестирање во Пелагонискиот регион
Во рамките на проектот беше изработен и видео спот кој служи за промоција на инвестициските потенцијали во Пелагонискиот регион. Видео спотот ги содржи сите можности за инвестирање кои стојат на располагање на потенцијалните инвеститори а спаѓаат во рамките на надлежностите на локалните администрации во Пелагонија.

Веб портал  www.pelagonijabiznis.mk
Веб порталот www.pelagonijabiznis.mk  ги содржи сите потребни информации за потенцијалните инвеститори, надградени и надополнети согласно последните реални измени на терен и согласно промените и надополнувањата на законската легислатива која ја регулира оваа област.
Веб порталот, исто така нуди и  алатка за пребарување низ целокупната дата-база со компании од Пелагонискиот регион во која се содржани податоци за бизнис секторот во Пелагонија, а се релевантни за потенцијалните инвеститори.

Резултати кои беа постигнати со проектот:

•    Зајакнати капацитети на релевантите чинители во Пелагонискиот регион во однос на подготовката на проекти, донаторски процедури и изнаоѓање фондови.
•    Зајакнати капацитети на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор во Пелагонискиот регион во однос на бизнис вештините.
•    Дизајнирани, печатени и дисеминирани промотивни материјали  за поддршка и привлекување на потенцијални инвестиции.
•    Подготвени и одржани локални и регионални презентации за бизнис можностите во Пелагонискиот регион.
•    Ажурирана база на податоци за бизнис секторот во Пелагонискиот регион.
•    Воспоставена мрежа за размена на податоци во општините за собирање и подготовка на информации за заинтересирани инвеститори.

На Конференцијата беа пристуни Градоначалниците на Општина Кривогаштани и Долнени, претставници од бизнис секторот, јавните институции, невладиниот сектор. На Конференцијата беа доделени и Благодарници на контакт лицата од 9 општини во Пелагонискиот Регион, кои активно ја поддржуваа имплементација на проектот.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy