ПРОЕКТ: ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ЗАЕДНИЧКО РАБОТНО ТЕЛО
“ИНТЕГРИРАНА МРЕЖАЗА РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН”
Интегрираната мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион (ИМРР) е иницијатива предводена од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, 9-те општини од Пелагонискиот плански регион како и од регионалните стопански и занаетчиски коморите, ЛАГ-овите, како и претставници на универзитетот и граѓанскиот сектор во Пелагонија.
Интегрираната мрежа за регионален развој е формално воспоставена на почетокот на 2015 година со поддршка обезбедена од страна на Министерството за локална самоуправа и канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) во Скопје.
Интегрираната мрежа е формирана врз основа на одлуките за воспоставување на меѓуопштинска соработка донесени од страна на сите девет општини во регионот.
Формирањето на ИМРР е во согласност со целите и активностите на петгодишната Програма за развој на Пелагонискиот плански регион и тригодишниот Акциски план за имплементација на Националната стратегија за рамномерен регионален развој.
Визијата на ИМРР гласи:
„Интегрирана мрежа за регионален развој која преку доверба и соработка ќе придонесе за напредок на бизнис секторот, а со тоа ќе стане лидер во подобрувањето на економскиот и социјалниот развој како и развој на опкружувањето на Пелагониски плански регион.“
ЦЕЛ НА ИНТЕГРИРАНАТА МРЕЖА ЗА РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ
- Подобрување на соработката помеѓу приватниот, јавниот и невладиниот сектор во регионот и зајакнување на кооординацијата помеѓу овие сектори во имплементирањето на активности наменети за развој на регионот;
-подобрување на економијата на регионот;
- Зајакнување на нејзините конкурентски вредности,
Во рамките на ИМРР се интегрирани и веќе постоечките неформални Мрежи кои ЦРППР ги координира:
Мрежа за развој на културата во Пелагонија
Мрежа за развој на руралните средини (Локални Акциони Групи)
Мрежа за развој на туризмот во Пелагонија
Мрежа на експерти за идентификација на регионални проекти
ПОСТОЈАНИ ЧЛЕНКИ НА ИНТЕГРИРАНАТА МРЕЖА ЗА РЕГИОНАЛЕН РАЗВОЈ
Интегрираната мрежа за регионален развој брои 21 членка од јавниот, бизнис, невладиниот и образовниот сектор:
Општина Битола , Општина Прилеп, Општина Демир Хисар, Општина Ресен , Општина Новаци, Општина Могила , Општина Кривогаштани, Општина Долнени, Општина Крушево, Центар за развој на Пелагонискиот плански регион , Универзитет Св. Климент Охридски – Битола , Регионална Стопанска Комора - Битола , Регионална Стопанска Комора- Прилеп, Занаетчиска комора- Битола, Занаетчиска комора- Прилеп ,Фондација ПЕЛАГОНИЈА-ПРЕДА, Федерација на Фармери на РМ, Здружение за одржлив и урбан развој Архитектура и Амбиент АРХАМ, Локална Акциона Група Пелагонија, Локална Акциона Група Преспа, Локална Акциона Група АГРО-ЛИДЕР.
Членовите на Работното тело од општините, ги именуваат Претседателите на општинските Совети со одлука, врз основа на одлуките на Советите за воспоставување на меѓуопштинска соработка. Останатите членови ги именуваат највисоките органи на управување на институциите/ организациите од каде доаѓаат.
Претседател на ИМРР e Емилиа Ѓероска- Раководител на Центар за развој на Пелагониски плански регион.
Реализирани активности :
- Формално воспоставена Интегрирана Мрежа за регионален развој во Пелагонискиот регион
- Изработена Програма за работа на ИМРР за 2016-2018 година
- Изработен Акциски план за работа на ИМРР за 2016-2017 година
- Одржани 2 промотивни настани за искористување на националните и меѓународните инструменти наменети за бизнис секторот
- Спроведена бизнис кампања за поголема вклученост на бизнис заедницата во Пелагонискиот регион
- Надградена веб страната за промоција на бизнис можностите во Пелагонискиот регион
Делокругот на ИМРР согласно со изработената Програма за работа е во следните 3 приоритети:
Економско опкружување- Зајакнување на економското окружување и состојбата со пазарот на трудот во Пелагонискиот плански регион.
Социјално опкружување-Градење на капацитети за развој и испорака на услуги во делот на социјалното опкружување на регионот
Животна средина- Унапредување на условите за заштита на животната средина.
Во текот на 2016 година, ќе бидат реализирани следните колективни акции кои беа усвоени за имплементација на првиот работен состанок од страна начленките на ИМРР:
Организација и реализација на бизнис средби со меѓународни компании во Пелагонискиот регион.
Зајакнување на капацитетите на членките на мрежата преку реализација на обуки од областа на проектен менаџмент, стратешко планирање и лобирање.
Подготовка на Прирачник за имплементација на проекти.
Проектот е технички и финансиски поддржан од страна на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Времетраење на проектот- Септември 2014-
Износ на проектот- 40.000,00$